Спектакуларна кражба во Париз, но не е дело на Пинк Пантер: Еве кои детали биле откриени дека не станува збор за познатата банда
Дрски разбојници вооружени со пиштоли и секири синоќа го ограбија луксузниот хотел Риц во центарот на Париз.
Полицијата уапси тројца мажи и трага по уште двајца по спектакуларниот грабеж на накит во хотелот Риц во Париз, во кој беа украдени скапоцени камења и накит вреден над четири милиони евра .
Петмината мажи пукале во стаклата на хотелот во 18:30 часот по локално време и ги скршија излозите на продавниците за накит во холот на хотелот . Крадците биле биле вооружени со пиштоли и секири .
Ограбувачите избегале со скутери, но наскоро налетале на полициска патрола , при што биле уапсени тројца.
Во тек е голема полициска акција за да се пронајдат преостанатите двајца осомничени.
Областа Вендоме , каде се наоѓаат продавници за накит и скапи предмети е затворена.
Нема официјална потврда за вредноста на украдените предмети , но според медиумите , бил украден накит и скапоцени камења вредни околу 4,5 милиони евра .
Хотелот е во сопственост на Мохамед Ал Фајед и по четири години реновирање беше отворен минатата година.
Риц е познат како хотел од каде принцезата Дијана и синот на Ал Фаед, Доди, заминаа на нивното последно патување пред да загинат на 31 август 1997 година.
Француските истражувачи велат дека истрагата ќе покажа дали станува збор за познатата разбојничка група Пинк Пантер, но британските медиуми констатираат дека ова не е нивен стил на кражба.
Британските медиуми неведуваат дека бандата Пинк Пантер е позната по тоа дека користат брзи спортски автомобили, а не мотори како и дека акциите ги планираат до најситниот детаљ.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
