Македонија
20. January 2016 - 16:25

Специјалната јавна обвинителка се соочува со постапка за разрешување

Советот на јавни обвинители утре во 11 часот, ќе одржи седница на која се очекува да се донесе заклучок со кој ќе побараат отчет од Катица Јанева. Обвинителите ќе разговараат за стручноста и постапката на специјалната обвинителка, за која ќе треба самата а потоа и Советот да одлучи дали постапила според правилата при примањето на материјалите кои и ги предаде лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Советот на јавни обвинители е единствениот орган кој  има право да ја цени стручноста во работењето на Јанева.

Со законот со кој таа беше именувана се изземени сите овластувања на редовното обвинителство, нема обвинител кој е непосредно повисок од нејзината позиција. Независното тело го носи заклучокот, откако Јанева  а претходно и Заев ги потврдија сомневањата во јавност, дека не постои записник за примопредавањето, што според ЗКП е задолжително. Откако во одредениот рок советот ќе ги добие одговорите од Јанева,  ќе решава дали ќе води дисциплинска постапка против неа. Таа постапка би можело да доведе и до нејзино разрешување. Специјалната обвинителка потврди дека свесно не составила записник бидејќи според неа немало потреба од такво нешто.  Таа тврдеше дека согласно законот, не се барало сочинување на записник.

Ваквото толкување, предизвика реакција кај правниците. Записникот е општа обврска што ја предвидува законот за кривична постапка за секое дејство а не поединечно.

Поради  ваквото нестручно , несовесно вршење на функцијата Јанева може да биде разрешена. Стручната јавност објаснува  дека постојат елементи и на злоупотреба на службената положба и овластување. Доколку истото го утврди советот, може да почне постапка за разрешување,со поднесување извештај до Собранието за утврдената фактичка состојба. Собранието, со претходна согласност од четирите најголеми партии, треба да состави предлог разрешување кој се носи со дво третинско мнозинсво плус бадентер, потоа се враќа предлогот кај Советот на јавни обвинители а тој ја го врши разрешувањето.