СПД кокетира со опозицијата за федерална влада без Меркел
Над 90 претставници на германските партии со левичарска идеологија денеска на состанок во Берлин ќе разговараат за можна соработка на парламентарните избори закажани за идната година во септември, јави дописникот на МИА од Берлин.
Членови на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и партиите Зелени и Левица се обидуваат да најдат заеднички платформа со која ќе можат да се спротивставата на конзервативната коалиција на Христијанско демкоратската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ), предводена од канцеларката Ангела Меркел.
Иако во моментов СПД е дел од владејачката коалиција на федерално ниво, таа на состанокот се обидува да обезбеди алтернатива, доколку Меркел по изборите наредната година се обиде да направи влада во која ќе нема место за нив.
На состанокот не учестуваат највисоките лидери на СДП и од него не се очекуваат никакви конкретни одлуки. Координаторот на пратеничката група на Левицата во Бундестагот, Јан Корте вели дека е важно на Германија и на ЦДУ/ЦСУ да им се даде сигнал дека земјата има алтернатива за сегашната влада.
Овие три партии во моментов имаат заедничка коалициска влада во покраината Турингија. Сите три партии имаат заеднички негативен став околку прашањето за учеството на германските војници во странски воени мисии.
Ново на Сител
-
Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро
-
Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври
-
18-годишник со мопед удрил во паркирано возило, тешко повредена неговата малолетна сопатничка
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници