Спасувачка акција во Вардар - се бара исчезнато лице

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ја информира јавноста дека по официјално барање на Полициската станица (ПС) Гостивар, веднаш се активирани и упатени стручни тимови на терен за пронаоѓање на исчезнато лице, за кое постојат индиции дека се наоѓа во водите на реката Вардар на подрачјето на Гостивар.
Операцијата на терен се одвива под директно водство на заменикот-директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Кашмир Салиу.
Во акцијата за пребарување и спасување се вклучени специјализираните сили на ДЗС, поточно припадници на Тимот за брз одговор (ТБО) за спасување на води, како и соодветна логистика од Подрачното одделение на ДЗС - Гостивар.
Екипите предводени од заменикот-директор Салиу работат во тесна координација со полициските службеници од ОВР Гостивар и локалните служби, со цел што побрзо лоцирање на лицето.
Пребарувањето се одвива интензивно по текот на реката Вардар, почнувајќи од критичните точки во градот па сè до низводните подрачја.
И покрај моменталните услови на теренот и спецификите на речното корито, екипите на ТБО предводени од заменик директорот Кашмир Салиу, ќе останат максимално ангажирани сè додека не се заврши целосната операција.
Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните на Гостивар и околните населени места, доколку располагаат со какви било информации поврзани со исчезнатото лице или забележат нешто долж речното корито, веднаш да пријават на дежурните броеви во полицијата или до надлежните служби за заштита и спасување.
За сите нови сознанија од теренот, јавноста и медиумите ќе бидат навремено известени.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
