Спасувачите на плажите во Лос Анџелес заработуваат стотици илјади долари
Според „Форбс“, спасувачите на плажите во Округот Лос Анџелес, поточно – седум од нив заработуваат скоро и до 392.000 американски долари годишно. А, 82 спасувачи заработуваат над 200.000 долари годишно, благодарение и на прекувремени часови работа.
Фернандо Бојтеукс, „вршител на должноста главен спасител“ на Округот ЛА, заработил 391.971 долар во 2019 година, според извештајот на „Форбс“. Истата година, 31 спасител заработиле од 50.000 до 130.000 американски долари од прекувремените часови. Исто така, се наведува дека спасувањето повеќе животи не мора да значи и поголема плата. Имено, многу од спасувачите кои добија медал за храброст не се меѓу најплатените.
Извештајот исто така покажува дека во првите 20 спасители, има само две жени.
„Зошто спасителите на плажа заработуваат толку многу пари е прашање што даночните обврзници во Лос Анџелес треба да почнат да го поставуваат. Работата на спасителите на вода може да биде опасна, но не е јасно зошто жителите треба да плаќаат толку прекувремена работа, кога државните службеници веќе ги чинат даночните обврзници 45 милијарди долари годишно?“, наведува списанието.
За споредба, носењето костими за капење во Лос Анџелес и патролирање на јавни плажи е подобро платена работа од онаа на анестезиолозите, повеќето хирурзи, лекари, па дури и од некои адвокати.
Ново на Сител
-
Израел им забрани на граѓаните да ја напуштат земјата со авион
-
За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места
-
Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна рекција, поведена е истрага
-
Полицијата ќе врши вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето во Охрид
-
Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 војници за обнова на Курск
-
Состанокот на Г7 во Кананаскис, заврши со мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина
-
Евакуирана првата група македонски државјани од Израел
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната