Спасовски: Жените треба да бидат дел од одлучувачките процеси

Нема дилема или сомнеж каде е местото на жената во сите општествени текови и дали таа треба да биде дел од одлучувачките процеси во државата, нагласи денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на трибината на тема „Жените во безбедносните служби“ во организација на Советот на Македонскиот полициски синдикат за МВР.
- Ја имате мојата поддршка за секој проект и за секоја иницијатива која ќе ја зајакне довербата на граѓаните во нашето Министерство, но истовремено позитивно ќе влијае и на условите за работа во министерството, рече Спасовски.
На трибината се обрати и државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска при што нагласи дека искуството покажува дека образованието, знаењето и вештините се пресудни за една личност да биде компатибилна за одредена професија и работно место.
- Самодовербата да се борите да напредувате, да преземете одговорност за тешки општествени и државни обврски, се стекнува тогаш и само тогаш, кога сте убедени дека вашето знаење и вашите вештини ке излезат на површина побрзо и повидливо од вашиот пол. Ве повикувам да бидете упорни во своето образовно и професионално надградување како и во докажување на вашата способност, зошто безбедноста и мирот во светот и во нашата држава се премногу скапи за да можеме да си дозволиме да бидат раководени од кадровски решенија кои се базирани на стереотипи кои одамна ги прегазило времето, рече Несторовска.
Ново на Сител
-

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август
-

МВР трага по оние кои ширеле паника дека скопската вода е загадена со ешерихија коли
-

Исчезната малолетна девојка од Охрид, семејството бара помош
-

Пасоши првпат во летниот период се издаваат без застој, термин за се добива за ден-два, а документи за најмногу до седум
-

Во Грција регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил
-

Свечена седница по повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-

Медиуми во САД го тужат Трамп
-

ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, 42 изгаснати до утрово
