-->
-->
Спасовски во посета на Романија, утре во седиштето на Интерпол во Лион
-->
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе оствари работни посети на Министерството за внатрешни работи на Романија и на седиштето на СЕЛЕК во Букурешт, а утре ќе биде во работна посета на седиштето на Интерпол во Лион.
Спасовски ќе се сретне со неговиот романски колега Лучијан Никола Боде и со директорот на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК, Огуз Серкант Акин.
По денешните средби во Романија, како што најавија од МВР, Спасовски утре ќе оствари работна посета на седиштето на Интерпол во Лион, каде што ќе се сретне со генералниот секретар на Интерпол, Јурген Сток, извршниот директор Стефан Кавана и одговорниот на Интерпол за Европа, Франц Шерман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника