-->
-->
Спасовски: Во напредна фаза истрагата за Јанушев
-->

- Истрагата за убиството на Мартин Јанушев е во напредна фаза, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој беше во посета на СВР Штип.
- Имаме многу информации и податоци. Очекувам за многу скоро време да имаме и подетални информации и разврска на целиот овој случај. Меѓутоа сега во моментов не сакам да откриваме повеќе детали, коишто се како информации добиени и ги анализираме за истрагата, вели Спасовски.
Во врска со повредениот лекар во Скопје, Спасовски кажа дека според првичните сознанија станува збор за лични недоразбирања меѓу лекарот и напаѓачот.
- Тоа се случило пред угостителски објект. Случајот е пријавен во полициска станица и лекарот е однесен на укажување помош во Клиничкиот центар во Скопје. Првичните сознанија се дека е заради лични недоразбирања, меѓу напаѓачот и лекарот кој бил нападнат, рече Спасовски, кој беше во посета на Штип и Кочани
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
