Спасовски: Убиства и жртви во сообраќајот се случуваат во секоја држава, скандали се случуваа во 2017
Во денешното издание на Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ гостин беше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Запрашан дали по настаните со прегазувањето на 24 годишната девојка на булеварот „Партизански одреди“, како и со неодамна слученото убиството на ракометарот Денис Тот во Градскиот парк во Скопје пред дискотека, се разниша довербата на граѓаните во МВР и дали МВР работи на превенција за да не се случуваат вакви настани, министерот Спасовски кажа дека вакви настани се случуваат во секоја држава.
- Секако дека работи доволно МВР на превенција. Нема држава во која не се случуваат вакви настани. И знаете кога зборуваме за скандали и афери кои се случуваат мора да се вратиме на времето во 2017 година кога масовно се прислушуваа луѓе, кога имавте убиство на Мартин Нешкоски од полицаец скриен од политичката елита во државата, кога ни се случија настаните на 27 април кога се влезе за да се убијат новинари и пратеници тоа се скандали, овие настани се настани кои се случуваат во секоја држава. Нормално е дека ние треба да преземеме мерки, превентивно да делуваме, да јакне јавната свест кај сите. Не само кај полицијата туку и генерално во општеството, кажа министерот Спасовски.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
