Спасовски: Сите политички субјекти да бидат на висина на задачата за новиот закон за јавно обвинителство
Премиерот Оливер Спасовски не очекува застој во носењето на новиот закон за јавно обвинителство, при што порача дека е неопходна соработка на вклучени страни во процесот.
При неговиот престој во Кочани по повод празникот Богојавление – Водици, тој нагласи дека се работи за прашање од висок државен интерес.
– Ќе направиме сè во наредниот период да работиме сите заедно и сметам дека секој од политичките субјекти треба да биде на висина на задачата. Да разговараме и да изнајдеме решение, со цел да ги оствариме нашите национални интереси, а тоа и членството во НАТО и во Европската Унија, истакна Спасовски.
Премиерот даде краток одговор и на новинарско прашање за пристапувањето на земјата кон НАТО.
– Тоа е тековно прашање и очекуваме дека ќе се заврши во најскоро можно време. Македонија ќе стане триесетта земја членка на НАТО, додаде Спасовски.
Во врска со најавените измени во Законот за медиуми, Спасовски истакна дека се прават неопходните анализи и од добиените податоци, во комуникација со медиумите, ќе биде предложено соодветно решение
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ