-->
-->
Спасовски штити и поттикнува хаос и безредие
-->

Урната оградата околу темелникот каде треба да биде поставен крстот во општина Бутел, запалена палма, поставување на шаторите, а полицијата иако присутна на протестот не реагира.
Полицијата предводена од генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски без никаков отпор ги пушти демонстрантите да го пробијат кордонот и да го заземат просторот каде пред неколку дена беше поставен темелникот за изградба на крст во општина Бутел. Дел од медиумите известуваат и дека новинарски екипи биле попречувани да го снимаат инцидентот од страна на демонстрантите.

Иако присутна на протестот, полицијата не реагира на демолирањата. Наместо спречување на евентуална ескалација на протестот , се чини дека полицијата предводена од Спасовски нема наредба за реагира.
Ваквиот однос остава сериозен простор за сомнеж дека Спасовски штити и поттикнува хаос и безредие наместо да се погрижи истото да биде спречено и ситуацијата да се стави под контрола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ