Спасовски се сретна со австриската амбасадорка Коблер

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорката на Република Австрија Ренате Коблер.
МВР соопшти дека амбасадорката Коблер му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа, а му врачи и честитка од министерот за внатрешни работи на Република Австрија. Таа ги потенцира одличните односи меѓу двете земји и посветеноста на Република Австрија максимално да и помогне на Република Македонија и во наредниот период. Во тој правец е и поддршката за македонската полиција преку низа проекти, но и со присуство на контингент од дваесетина австриски полицајци на јужната граница, кои и помагаат на македонската полиција во справувањето со проблемот со мигрантите.
Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Република Австрија, особено за присуството на австриските полицајци на јужната граница и нивниот придонес во справувањето со проблемот со мигрантите. Министерот Спасовски најави скоро почнување на преговори за постигнување на договор со ФРОНТЕКС, што многу ќе помогне во справиувањето со евентуалниот нов бран на мигранти. Тој ја потенцира решеноста за спроведување на реформи во македонската полиција, со крајна цел полицијата да се департизира и декриминализира и да биде вистински сервис на граѓаните, се вели во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
