Спасовски: Се преземаат опсежни мерки за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни активности за пронаоѓање на 14-годишна Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на пат кон училиште.
Во изјава за медиумите дадена по посетата на СВР Скопје, министерот Спасовски рече дека се сослушани десетици лица и дека се вештачат електронските уреди од семејството и од девојчето.
- Се пребаруваше и речното корито на Вардар, се пребаруваат сите подрумските простори не само во околината, туку и пошироко. Се работеше и на добивање податоци од црквите и манастирите во околисната на Скопје и тука нема да се застане, интензивно се работи, рече Спасовски.
Им се заблагодари и на медиумите за објективното информирање и борбата против лажните вести кои се шират на социјалните медиуми.
Вања исчезна во понеделникот рано наутро на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон се губи спроти Универзална сала на булеварот Партизански одреди.
МВР објави и нејзина фотографија и опис во листата на исчезнати, а по неа трага и Интерпол. За неа информираа и дел од медиумите во регионот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија