Спасовски: Се чуствувам добро и сум во мојот дом во Куманово

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше позитивен на Ковид-19, вечерва соопшти дека се чувствува добро и оти по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот е во својот дом во Куманово. Спасовски, на својот профил на Фејсбук, напиша дека се шират лажни вести за неговата здравствена состојба и дека од вчера е хоспитализиран во приватна клиника.
-Драги пријатели, дел од порталите шират лажна вест за мојата здравствена состојба и мое наводно хоспитализирање вчера во приватна клиника. Сакам да ве известам дека се чувствувам добро и по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот сум во својот дом во Куманово. Значи, ова е уште една лажна вест, пишува министерот за внатрешни работи.
Како што наведува, тој им е бескрајно благодарен на нашите здравствени работници кои му помогнале, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот.
-Тие се нашите херои и навистина е несфатливо како некој во вакво време се обидува да ги девалвира. Ви благодарам и на сите вас кои постојано ми пишувате и ми изразувате поддршка. Заеднички ќе се справиме со коронавирусот, а јас наскоро ќе им се вратам на своите работни обврски, пишува на својот профил на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
