Македонија
23. August 2022 - 16:33

Спасовски: Повторно ја потврдивте вашата професионалност, храброста и непоколебливоста на полициската професија

Единицата за брзо распоредување, денес слави 21 година од постоењето. Високо специјализираната полициска единица веќе две децении подготвено одговара на сите зададени полициски задачи. Според Министерот за внатрешни работи ЕБР, преку своите високи стандарди и професионални критериуми ги развива квалитетите на своите припадници.

Со особен пиетет пред сите вас би сакал да ја истакнам улогата, професионалноста, посветеноста, пожртвуваноста, квалитетот на знаењеа и вештини на припадниците на ЕБР чии што одлики и широки оперативни перформанси се поистпветуваат и се на исто рамниште со истородните полициски формации на полициите од Европа и Светот.  Оваа единица во текот на својот раст ги прими контурите на визијата со која стартувавме пред неколку години за градење на нов ефикасен безбедносен систем што целосно ќе биде во функција за потребите на сите наши граѓани.

Командантот на Единицата, истакна дека задачите кои ги реализирала ЕБР во текот на минатата година се важно обележје на нејзините припадници. Тие со своето работење ја штитат државата од тероризам и организиран криминал. Обезбедуваат јавен ред и мир на јавни собири и го штитат  населението и институциите од елементарни непогоди.  

Ова е основната нишка што ја позиционира Единицата за брзо распоредување високо на лествицата на безбедносниот систем на државата, а како Единица во состав на Одделот за специјални полициски операции претставува суштествена вооружена формација на Министерството за внатрешни работи, која може секогаш и секаде да одговори на сите безбедносни предизвици. “

На спомен плочата на загинатите и починатите припадници на ЕБР во полицискиот центар ,,Ѓорче Петров ",  беше положено свежо цвеќе, а беа доделени плакети.