Спасовски: Посетата на САД е во духот на напредокот на нашите односи, да ја подобриме соработката
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека посетата на САД била во духот на напредокот на нашите односи и како да се подобри таа соработка.
Во интервју за Гласот на Америка, Спасовски изјави дека разговорите со Џејмс О'Брајан, помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД) за европски и евроазиски прашања и со сите други претставници на државната администрација биле насочени и кон борбата против криминалот и корупцијата.
- Тоа нешто што е здраво да се направи заради македонското општество, македонските граѓани, тоа беше една од заложбите. Го информирав г-динот О’Брајан за активностите што ги презема Владата во овој дел, за подготовката на законските решенија кои ќе ги третираат практично лицата кои се наоѓаат на црната листа на САД, за неможноста за учество во јавни функции и учество во јавни тендери за јавни набавки, рече Спасовски.
Министерот за внатрешни работи оцени дека ова е една од позначајните посети, како и дека САД се нашиот стратешки партнер.
- И кога зборуваме во делот на безбедноста, тие се навистина партнери низ кои што се развива, унапредува безбедноста и во Северна Македонија, со многу поддршка, не само во опрема, туку и во човечки капацитети, обуки, контакти, итн. Целата оваа посета беше во духот на напредокот на нашите односи, како да се подобри таа соработка. Морам да кажам дека и со претставниците на Одделот за внатрешни работи на САД, со заменик Јавниот обвинител, директорот на ИЦИТАП, исклучителни средби на кои разговаравме за нашата идна соработка, за што и како треба да бидеме насочени во иднина. Секако дека приоритетите во делот на безбедноста се сосема идентични, истакна министерот Спасовски.
На средбите било разговарано исто така дека европската перспектива нема алтернатива за Република Северна Македонија.
- Се што треба да правиме треба да направиме цврсто, одлучно и храбро да чекориме кон ЕУ. Го информирав г-динот О’Брајан, и другите претставници со кои се видов, и за напредокот во борбата против корупцијата, кои мерки ги преземаме, ефикасноста во овој дел. И, секако изразената заложба од нивна страна да стојат рамо до рамо со нас и да ни помогнат во јакнењето на капацитетите на институциите за да се справиме со предизвиците, рече министерот Спасовски.
Ново на Сител
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик