Спасовски: По 10 години полицајците ќе добијат нови униформи
Намалени трошоци за репрезентација, а обезбедени средства за полицијата. Започната постапка за набавка на 7.000 комплет униформи за полицајците, за летачкиот персонал, за ЕЗС, распишан оглас за нови 500 полицајци..., се само дел од преземените чекори на МВР за кои денеска информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за сработеното во првите сто дена.
- Полицајците една деценија немаат добиено нови чевли, кошули, панталони... Поразителен факт кој не смее никогаш повеќе да се дозволи. Набавени се над 400 компјутери за полициските станици, а во наредниот период ќе бидат набавени над 40 возила. Во тек е и набавка на канцелариски мебел за полициските станици во Ѓорче Петров, Јагуновце и СВР Куманово, информираше Спасовски.
Според анализите за гарантирање на јавниот ред и мир, министерот рече дека МВР распиша оглас за нови 500 униформирани полицајци за кои процесот на селекција ќе започне по локалните избори 2017 година. Спасовски најави формирање специјална единица за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и повторно формирање на мобилни тимови за идентификација на жртви на трговија со луѓе.
- Во соработка со експерт од ЕУ, изработен е нов Закон за азил и веќе е доставен до ЕУ на мислење. Исто така, во завршна фаза е и текстот на Законот за странци усогласен со регулативите на ЕУ, рече Спасовски.
Во текот на летото бил намален бројот на регистрирани кривични дела за седум проценти во споредба со истиот период минатата година. Безбедносната состојба, пак, во државава бележи значителелно намалување на бројот на прекршоците од 14 отсто. Во истиот период, МВР расветлила четири убиства од пет, сузбиена е криминална група, криумчари на мигранти од 23 члена, а запленета е 240 килограми разновидна наркотична дрога.
Министерот информираше за започнатата реформа во системот за следење на комуникацииите со која се предвидува отстранување на посредничката улога на УБК и елиминирање на секоја можна злоупотреба. Тој рече дека е започнатата реформа и во самата Управа за враќање на угледот на професионална служба. На пресот министерот го најави и формирањето на Националниот комитет за спротиставување на насилниот екстремизам и радикализација која води кон тероризам, а според него за помалку од еден месец ќе започне работата и на Националниот координативен центар за борба против организираниот криминал. Спасовски ги истакна и зајакнатите контроли на Одделениото за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди.
- Добиени се 189 претставки поднесени од граѓани и правни лица кои алармираат на непрофесионално постапување на полицајците. Вкупно 127 полициски службеници постапиле спротивно на правилата и прописите, против 91 е поведена постапка од кои на 10 им е изречена суспензија. Поднесени се и пет кривични пријави, информираше министертот Спасовски
Најави зголемена транспарентноста на МВР кон граѓаните, како и дека соработката со медиумите е еден од приоритетите на министерството
Ново на Сител
-
22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка