Спасовски–Пленковиќ: Одржувањето на Самитот за Западен Балкан во Загреб е силна порака за поддршка на регионот

Претседателот на Владата на Република Македонија Оливер Спасовски денеска имаше телефонски разговор со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој овие денови разговара со сите учесници на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Загреб, што требаше да се одржи на 7-ми мај, соопшти владината прес-служба.
Премиерите Спасовски и Пленковиќ разговараа за ситуацијата во двете држави во врска со справувањето со пандемијата на вирусот КОВИД-19. Беа разменети информации и искуства за справувањето со здравствената криза и со економските последици од неа. Двајцата премиери искажаа подготвеност за меѓусебна поддршка за спроведување на досегашните мерки и потенцираа дека само со заеднички напори, меѓусебна помош и европска солидарност на дело може да надминат актуелните предизвици.
Спасовски во телефонскиот разговор истакна дека апсолутно е за поддршка на пораката дека Самитот во Загреб ќе се одржи до крајот на хрватското претседателство како силна порака дека Западен Балкан останува приоритет за ЕУ, и покрај тешките денови за регионот, за Европа и за светот заради справувањето со коронавирусот, и дека со оптимизам се очекуваат најавите за план за економски развој и заедничко надминување на последиците од пандемијата.
Во разговорот со хрватскиот премиер, Спасовски се заблагодари за долгогодишната поддршка од Хрватска и нагласи дека Македонија останува посветена на регионалната соработка и ќе биде силен партнер на Хрватска, како претседавач на Советот на ЕУ, во справувањето со пандемијата и во сите други заеднички предизвици, како и во плановите за развој и соработка, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
