Спасовски: Опсежни истражни мерки за копањето тунел во Идризово
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека се преземаат опсежни истражни мерки за расветлување на случајот во кој беше спречено организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, преку копање подземен тунел од страна на затвореници во Идризово.
-Таму се преземаат опсежни истражни мерки, не само сега после откривањето, тој процес беше започнат и претходно. Се што спаѓа во тие истражни мерки притоа да можат да се обезбедат докази, се работи, во соработка со јавниот обвинител за организиран криминал и секако дека тоа ќе биде еден опсежен слулчај во којшто секако треба да се докаже и учестовото на вработените во затворските институции, изјави Спасовски на новинарско прашање по промоцијата на кампања на МВР.
Сознанијата за активностите што биле преземени во затворите, како што рече, МВР ги имало околу два месеци.
-Цело време се работи заедно со Управата за извршување на санкции, Агенцијата за национална безбедност, и во тие рамки се подигна и степенот на обезбедување и во затворот и надвор од затворот. Надлежни се Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, меѓутоа МВР беше секогаш тука за да помогнеме и да не се наруши безбедноста, рече Спасовски.
Тој порача дека за секој што сторил кривично дело мора да има санкции и одговорност.
-Секој кој направил кривично дело ќе одговара. Тоа е очекувањето на граѓаните да сите оние коишто прават криминал, ја нарушуваат стабилноста, ја нарушуваат безбедноста на граѓаните да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Спасовски.
Прашан до каде е истрагата за киднапирањето на младиот скопјанец по кој се трага веќе 20 дена Спасовски посочи дека знаат повеќе детали но не можат да соопштат јавно за да не наштетат на истрагата.
Во однос на случајот со труење на битолчанецот во кафуле, порача дека има надлежни институции за да испитаат и доколку постојат основани сомненија за кривично дело, тогаш очекувам да се пристапи кон обезбедување на сите докази.
Ново на Сител
-
СПМ: Предложените теми сметаме дека се со големо задоцнување и веќе се депласирани
-
Спасена дива мечка од стапица во атарот на село Брајчино | ВИДЕО
-
Функционер од Индија испразнил брана за да го најде мобилниот телефон
-
Словенецот Роглич на чекор до триумф на Џиро Д'Италија
-
Додик: Со Путин разговарав повеќе од еден час, за РС постојат два правци
-
Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледува измените на законите за коридорите 8 и 10д пред да ги потпише указите
-
Шаќири: Дел од реформата за основно образование е спојување на предметите
-
ДУИ: Го поздравуваме усвојувањето на законите за коридорите и тие ќе се градат