Спасовски: Опозицијата не покажа став за ниту едно клучно прашање за иднината на земјата
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот Фејсбук профил напиша дека кога ја презеле власта, одлучиле храбро да ги решаваат проблеми, место да владеат популистички.
-Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички. Влеговме во НАТО како Македонци, зборуваме на македонски јазик, тој е официјален јазик во НАТО алијансата, а со многу посветеност, пожртвуваност и храброст ќе ги отвориме и преговорите за членство на ЕУ и ќе станеме Европска Македонија како Македонци, со македонски јазик и таму ќе се говори македонски јазик, напиша Спасовски.
Опозицијата, како што наведе, најмалку може за тоа да наоѓа замерки, бидејќи тие не покажаа став за ниту едно клучно прашање за иднината на земјата.
-Опцијата која тие ја претставуваат секогаш била опција која ставала сопка или нов нож во грбот на својата држава, напиша министерот Спасовски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче