Спасовски: Нема индиции за нов мигрантски бран

Немаме индиции кои ќе посочат дека во многу скоро време би можеле да имаме нов мигрантски бран, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на денешната работна посета во Битола.
Првиот човек на македонската полиција истакна дека миграцијата, тероризмот и сајбер-криминалот ќе бидат предизвици кои ќе траат на долг рок и, како што рече, ние за тоа, сериозно се подготвуваме.
– Немаме индиции кои ќе посочат дека во многу скоро време би можеле да имаме нов мигрантски бран. Според податоците од 2019 година, има зголемен обем на обиди за илегално преминување на границата, но ако се има пред вид податокот дека во 2018 година македонската полиција на јужната граница, 90 проценти од вкупната бројка илегалци или близу 17.000, успеа да ги отктрие и спречи илегални влегувања во државата, тоа покажува дека имаме добра поставеност како со материјални средства, така и со човечки ресурси. Во последниве три недели, статистиката покажува дека имаме намалување на бројката што се обидува илегално да влезе во Република Северна Македонија. Ситуацијата е под контрола, а ние постојано се подготвуваме и преземаме мерки со државите од регионот, но и со држави членки на ЕУ, со заеднички креирани мерки да бидеме подготвени и успешно се справуваме со овој процес за било кој период ако се појави миграциска криза. Миграцијата, тероризмот и сајбер-криминалот ќе бидат предизвици кои ќе траат на долг рок и ние сериозно се подготвуваме, изјави Спасовски.
На новинарско прашање во врска со претстојните институционални промени на функционери од власта, министерот Спасовски нагласи дека ја поддржува операцијата за промени.
– Ја поддржувам операцијата за промени во структурите на Владата, на јавните претпријатија, фондовите, во локалната самоуправа…секаде каде имаме оценка дека тие функционери не ги исполнуваат на најдобар можен начин работите. Меѓутоа, тоа е оценка што треба да се направи од страна на премиерот и тоа е во негова надлежност. Во однос на МВР, пак ќе повторам дека ние постојано вршиме промена на позиции во МВР, односно таму каде што оценуваме дека навистина не ги одработуваат работите на соодветен начин, или пак не го оправдуваат интересот на граѓаните, и тоа ќе продолжи и во иднина, одговори Спасовски на прес – конференција во Битола.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
