Спасовски: Над 15 илјади граѓани не можат да ги подигнат личните карти, заради блокада на Законот во Собранието
Проблемот со издавање на лични карти е од сосема друга природа. До денеска околу 15-ипол илјади граѓани не можат да ги подигнат личните карти, заради тоа што Законот за личните карти е блокиран во Собранието. Ние неколкупати инсистиравме во однос на ова законско решение да се донесе, но истото е блокирано со 1.507 амандамни, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Тој одговарајќи на пратеничко прашање во однос на проблемот со издавање на лични карти, денеска посочи дека станувало збор за надградба на систем, но од 1 јули целиот систем е целосно во функција, во однос на земање на податоци и издавање на лични документи.
Посочи дека Министерството преку Влада уште во март го има доставено Законот за лична карта во Собрание, се со цел да може да ги помине собраниски процедури и да можеме да почнеме со примена на ова законско решение од 1 јули 2021.
-Ние неколкупати инситиравме во однос на ова зкаонско решение да се донесе. Факт е дека имаме блокада на носење на законско решение, но тоа не е ниту моја работа ниту на Влада, туку на Собрание. Кога говориме за блокада, јас ги побарав податоците, вкупно 1.507 амандамни се поднесени на законското решение, посочи Спасовски
Според него, ова законско решение не кажува ништо друго освен тоа дека од 1 јули треба да се применува уставното име на државата и да се применуваат одредбите од законот за јазиците, односно сите заедници што живеат во државата имаат право на личен документ на сопствен јазик.
Од овие амандамни, еден е поднесен од парламентарно мнозинство, а 1,506 амандмани се поднесени од опозицијата.
-Ние до сега ги даваме термините на граѓани кои бараат издавање на лична карта. МВР целата процедура ја завршува, значи граѓаните одат, можат да се сликаат за лична карта, но не смее да започне производството се додека Закон не биде на сила, рече Спасовски.
Тој посочи дека бројот на граѓани кои бараат издавање на лични документи се зголемува, и испрати апел до сите пратеници без разлика дали се од парламенто мнозинство или од опозиција, да го донесат ова законско решение.
Ново на Сител
-

Светски мегдан за македонската кикбокс сениорска репрезентација
-

Кој стои зад обидите да се изигра спортската јавност? Кикбокс Маитаи федерацијата со жесток одговор
-

Астрономски цени на недвижности во Србија - 10.000 евра за квадрат во „Белград на вода“, гаражно место 66.000 евра
-

Изминатите четири дена приведени седум лица за безобзирно управување на возило, 2415 сообраќајни прекршоци
-

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната
-

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка
-

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
