Спасовски – Мекгери: Со почетокот на преговори можности за поинтензивна соработка со Ирска

Премиерот Оливер Спасовски го прими нерезидентниот амбасадор на Република Ирска за нашата земја Пол Мекгери, и му посака успешен мандат и дипломатски активности во насока на подобрување на целокупната соработка од заеднички интерес за двете земји.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски на средбата истакна дека Македонија високо ја цени постојаната поддршка од Република Ирска за нашиот процес на европска интеграција, која застапува став за започнувањето на пристапните преговори колку што е можно по брзо.
-Претседателот на Владата на Македонија Спасовски потенцираше дека извештајот на Европската Комисија е охрабрувачки сигнал дека сите земји членки на ЕУ ќе постигнат согласност за позитивна одлука за отворање на преговорите со нашата земја како признание за реформите и за политичката одговорност на земјата да остане верна на европските вредности и на спроведувањето на договорот од Преспа и на договорот со Бугарија, се наведува во соопштението.

Амбасадорот Мекгери на средбата нагласи дека неговата земја останува силно на ставот дека Македонија ги исполни сите услови за почеток на преговори за членство во ЕУ, и оти е уверен дека до тоа ќе дојде многу бргу со што ќе се отворат и можностите за поинтензивна и сеопфатна соработка меѓу двете земји во повеќе области.
Ново на Сител
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
-

Одбележување на Светската недела на вселената
-

Заврши уште едно успешно издание на ендуро трката во Делчево со рекорден број учесници и публика
-

Седници ќе одржат собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната
-

Србија/Избори 2026 - Измина рокот за доставување изборни листи
-

Жесус: Роналдo кoгa сaкa можe дa ce врaти вo репрезентацијатa
-

Сензација во АБА лигата – ФМП ја победи Црвена Звезда
-

Стартни победи за Пелистер, Кожув и Работнички
