Спасовски: Меjловите за бомби до средните училишта се испратени од странство
Сите сме загрижени. Не е нормално да нема загрижен човек кој слуша дека има дојава за бомба, прво во ЈСП Скопје, понатаму во училиштата и тоа се повторува неколку дена, вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Тема на денот на Сител ТВ ја коментира ситуацијата со континуираните дојави за бомби во главниот град.
- Овој регион практично е регион, честопати говорам, многу поволен за сите нас кои живееме заради геостратешката позиција која ја имаме и можности за развој, но во исто време таквите можности создаваат и многу безбедносни ризици и предизвици, тука се испреплетуваат интересите на големите геостратешки сили и секако дека овој регион е многу погоден сега од т.н. хибридни напади или хибридна војна која ни се води, вели Спасовски.
Министерот потенцираше дека истрагата се води во неколку правци и дека меиловите со дојава за бомби испратени до училиштата се испратени од странство.
- Истрагата во неколку правци се анализира, бидејќи постојат повеќе опции зошто ова се случува. Ги знаеме меил адресите, знаеме од каде се пуштени тие меилови. Пуштени се од странство. Имаме сериозни индиции за тоа како се одвива целиот овој процес и во тој дел работиме максимално посветено и ние и нашите партнери се со цел да ги прекинеме овие монструозни чинови кои ни се прават и предизвикуваат вознемиреност и несигурност кај граѓаните, додаде министерот Спасовски.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Владата настојува така да биде и по 1 јануари
-

Делегација на Уставниот суд на меѓународна конференција по повод 35 години од основањето на Уставниот суд на Бугарија
-

Полициски пресретнувач го сними со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово: Уапсен 27-годишник од Гостивар
-

Форензичката психијатрија во фокусот на меѓународна конференција во Охрид
-

Уапсен 20-годишен кавадарчанец, поседувал марихуана
-

Ги погоди сите седум броеви и стана мултимилионер: Германец освои 120 милиони евра на Евроџекпот
-

Данска воведува построги правила во училиштата: Наставниците ќе можат физички да интервенираат против учениците
-

Трамп разговара со Русија и Кина за денуклеаризација
