Спасовски: Јубилејни 20 синдикални игри на МПС, стратешко партнерство под мотото, опремена полиција – задоволни граѓани
Министерот Оливер Спасовски денеска во присуство на претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, претставници на синдикатот и министерството и гости од странство ги отвори јубилејните 20 по ред синдикални игри на македонскиот полициски синдикат.
Министерот Спасовски во своето обраќање потенцираше дека традицијата на одржување на спортскиот дух, на здравата компетиција, запознавањето и другарувањето, се вредности коишто и тоа како се важни, особено кога се работи за професија како полициската, професија што има посебен и мошне висок степен на одговорност кој пак произлегува од специфичноста на законските и други надлежности.
– Верувам дека овој синдикален настан, односно овие сега веќе јубилејни 20-ти по ред синдикални игри и средби што традиционални ги организира Македонскиот полициски синдикат ги демонстрираат токму таквите вредности претставувајќи извонредна прилика за дополнително професионално зближување и запознавање на луѓето, како и можност за бројни размени на искуства, што секако можат да бидат само од полза на синдикално организирање и професионално работење, потенцираше министерот Спасовски.
Тој се осврна и на фактот дека министерството и синдикатот негуваат партнерство и соработка на стратешко ниво под мотото: опремена полиција – задоволни граѓани и истакна дел од инвестициите, реформите и унапредувањата направени во овој период.
-Резултатите, меѓу другото се видливи во сите 76 реконструирани објекти на МВР ширум државата, во кои имплементиравме и мерки за енергетска ефикасност. Покрај ова, инвестиравме над 10 милиони евра во нови униформи за секоја организациона единица и секогаш во дијалог со вработените одговараме на нивните потреби. Редовно се исплатуваат бонус платите, три пати е зголемена плати за вработените, во 2018, 2019 и годинава 2022. Започнувајќи од овој месец имаме зголемување на платата за 5% за сите вработени. Успеваме во нашата цел денес да имаме мотивирани колеги, задоволни и горди што се дел од институцијата каква што е Министерството за внатрешни работи, потенцираше министерот Спасовски.
Министерот Спасовски ги прогласи игрите за отворени посакувајќи им успех и добри резултати на сите учесници на спортските игри, со увереност дека оваа убава традиција и натаму во иднина ќе добива уште повеќе на квалитет, бројност и меѓународен карактер.
Ново на Сител
-
Сигурни победи за Италија и Франција на стартот од квалификациите за СП 2026
-
Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници
-
Пожар избувна во поранешната телевизиска зграда на Би-Би-Си, го гаснат околу 100 пожарникари
-
Српскиот премиер повикува на дијалог и мир по синоќешните немири во Нови Сад
-
САД водат разговори со Хамас и ја повикаа групата да ги ослободи заложниците
-
Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ
-
Сончево и топло со температури до 36 степени
-
Украинско МО: Моментално на територијата на Украина има околу 700.000 руски војници