Спасовски: Извештајот на ЕК е феноменален, очекувам набргу да ги почнеме преговорите
Извештајот на Европската комисија е феноменален, одличен и ги потврдува напорите на Владата во спроведувањето на реформите, оцени денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.
– Во извештајот децидно стои дека Владата ги зајакнала своите напори во спроведувањето на реформите, таму се констатира се она што беше направено, дадени се најпозитивни оценки за Македонија, преземени се сите мерки кои што треба да бидат преземени во делот на реформскиот процес и тоа е добра основа, час поскоро да ги започнеме преговорите за членство со ЕУ, изјави Спасовски при денешната посета на ГП Табановце.
Според него, логично е да се очекува да се добие тоа што е заслужено, особено граѓаните кои, како што наведе, 30 години работат во транзиции и реформи.
– Денес кога целата ЕУ, кога сите земји членки укажуваат дека Македонија направи се што требаше да биде направено, нормално е дека очекувам конечно граѓаните да добијат мотив повеќе и да ги отвориме преговорите со ЕУ, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Пронајдено е исчезнатото момче од неготинско Тремник
-
Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом најдена е дрога
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај месноста Стамерски Преод, Делчевско, сообраќајот во прекин
-
Под истрага десет полициски службеници, за седум се бара притвор, тројца веќе се обезбедени со претходна постапка
-
Предлог притвор за директорот на Геријатрија и уште едно лице за барање поткуп од 100.000 евра
-
ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија
-
Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари
-
Трамп најави дека утре ќе присуствува на трговските преговори со Јапонија