Спасовски им одаде почит на осумтемина загинати полицајци во Диво Насеље
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со директорот на БЈБ, началникот на Одделот за специјални полициски операции и командантите на Единицата за брзо распоредување и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, им оддале почит на вечни почивалишта на осумтемина припадници на полицијата кои загинаа во „Диво Насеље“ пред шест години.
-Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ – имињата на осумте припадници на Министерството за внатрешни работи, нашите колеги и пријатели, кои што во вооружената пресметка со терористите, ја дадоа најскапата можна жртва во името на слободата и мирот, за одбрана на татковината – човечкиот живот. Нека им е вечна слава!, напиша Спасовски на Фејсбук.
Изминаа шест години од трагичниот настан „Диво Насеље“, кој ги вознемири граѓаните на нашата држава, а остави неспокој кај моите кумановци, просочува тој, и токму благодарение на прибраноста на моите сограѓани, злата намера на нарачателите на овој конфликт не го доби посакуваниот одговор.
-Хероите живеат вечно – СЛАВА ИМ!, напиша Спасовски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
