Спасовски и Гранде-Марласка Гомез: Северна Македонија е подготвена да биде домаќин на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан

На маргините на денешната Конференција во рамки на Берлински процес која се одржува во Тирана, Република Албанија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Кралството Шпанија, Фернандо Гранде-Марласка Гомез.
На средбата беа потврдени традиционално добрите пријателски односи, а фокусот на разговорите беше ставен на организирањето на претстојниот Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан кој во октомври се одржува во Скопје.
-Во оваа прилика би сакал да ја изразам подготвеноста на Република Северна Македонија по третпат да биде домаќин на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, којшто годинава се одржува на 26-27 октомври, во Скопје во согласност со програмата и приоритетите на ротирачкото Претседателство на Кралството Шпанија со Советот на ЕУ, истакна министерот Спасовски.
Тој додаде дека со овој настан организиран на високо ниво ќе се реафирмира заедничката посветеност на европските перспективи на целиот регион на Западен Балкан, како и тоа дека форумот претставува одлична можност за креирање долгорочни партнерства, за зајакнување на регионалната соработка кон ефикасно справување со предизвиците и во постигнувањето на европските стандарди, се до полноправо членство во ЕУ.
Спасовски го информираше колегата Гранде-Марласка Гомез дека во јули во рамки на МВР формиран е Тим за организација со цел успешно реализирање на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан.
-Тимот во МВР ќе делува како тело што ќе одлучува за сите аспекти на организација на настанот и преку претставници на надлежните организациони единици ќе дава задолженија за секој од нив зависно од делокругот на работа и надлежноста, рече Спасовски.
Тој во оваа прилика, иницираше отпочнување на процедура за потпишување на билатерален договор за полициска соработка, предлог кој беше прифатен од страна на министерот Гранде-Марласка Гомез.
На крајот од средбата, двајцата министри ја потврдија заложбата за соработка, а министерот Спасовски се заблагодари за поддршката за зајакнување на земјите од Западен Балкан, во смисла на политичка, економска и социјална интеграција на регионот, со уверување дека Република Северна Македонија стои на располагање на шпанското Претседателство со Советот на ЕУ за сите активности во наредниот период.
Притоа, Спасовски упати покана до шпанскиот колега Гранде-Марласка Гомез за посета на Северна Македонија, која со задоволство беше прифатена.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
