Спасовски: Граѓаните ја препознаваат подготвеноста да ги слушнеме
Задоволен сум од средбите со граѓаните во рамки на „Отворен Кабинет” - граѓаните ја препознаваат подготвеноста да ги слушнеме, со предлози кои доаѓаат директно од нив, кои заедно со тимот ги гледаме со огромно внимание, заради тоа што тоа се проблеми кои ги согледуваат и со кои се соочуваат и на тој начин можеме да имаме брзи решенија, објави министерот за внатрешни работи на неговата страна на фејсбук.
Министерот потенцира дека во рамки на овие средби граѓаните многу малку доаѓаат за лични работи, туку доаѓаат за општо добро на сите.
- Разговараме за безбедноста во сообраќајот, ги слушаме пофалбите за повидливото присуство на полицијата низ градовите, очигледни се контролите на сообраќајната полиција, намалувањето на нарушувањата на Јавен ред и мир, на тешките кражби, на разбојништвата..., ги слушаме предлозите во делот на управните работи, во делот на издавањето на одобренија... – сето тоа создава перцепција кај граѓаните дека е многу подобрена безбедносната состојба, напиша Спасовски.
Според објавата на министерот, низ сите досегашни средби низ цела држава, заеднички е констатирано дека нема селективност во постапувањето, се постапува по сите предмети, без разлика за што се работи.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила