Спасовски – Демерџиев: Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев
Министрите за внатрешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев денеска од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, што треба да се одржи в сабота и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки.
– Ова е во услови на малку зголемени тензии, различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев, изјави министерот Спасовски по средбата со бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.
Дека ќе се работи на обезбедувањето мирно и спокојно чествување на Гоце Делчев по средбата потврди и Демерџиев.
– Ги добив сите информации од колегата Спасовски дека се ќе биде обезбедено, дека ќе бидат преземени апсолутно сите мерки за безбедно одвивање на настанот. И јас исто така го уверив дека луѓето коишто ќе дојдат на чествувањето во никој случај нема да дозволам да предизвикаат какви било провокации или да дојде до несакани настани. Постигнавме согласност дека се ќе биде во најголем ред за одвивање на овој настан и да не дозволиме некои луѓе да се обидат да го распалат огинот, каде што го нема. Целта е да се одржи чествување на еден великан Гоце Делчев, а не да биде центар и место каде што ќе настанат радикални појави, изјави Демерџиев по средбата со неговиот македонски колега во Скопје.
Ново на Сител
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
-

Сан Антонио во серија од 10 победи
-

Голема полициска акција на МВР за детска порнографија, претреси во повеќе градови
-

„Безбеден град“: Во март констатирани 26.241 прекршоци, 68.2% намален бројот на прекршоци за минување на црвено светло
-

Американската армија досега извшила напади врз повеќе од 12 илјади цели во Иран
-

Мицкоски: Во транзицијата од многумина сиромашни, малкумина станаа екстремно богати, затоа има разочарување и иселување
-

Најмногу дожд во Mаврови Анови и на Попова Шапка во изминатите 24 часа
