Спасовски: Апелирам да се седне и да се разговара со оние кои протестираат
Ги разгледуваме сите можни опции, меѓутоа освен разговор со оние кои протестираат нема друга опција, коментира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На денешното примопредавање на донација од Амбасадата на Сојузна Република Германија, во одговор на новинарско прашање Спасовски вели дека кога станува збор за протест или јавен собир доаѓа до судир на правото на слободно движење и правото на протест.
– Апелирам да се седне и да се разговара, не можеме да бидеме ние како граѓани заложници за тоа што некои политички субјекти се скарани. Чесно е да се излезе пред граѓаните и да кажат дека ќе седнат и ќе дојдат до решение, отколку вака сите во Скопје да ги сносат последиците, апелира тој.
Додаде дека од една страна им се даде мандат да управуваат четири години со Скопје, даден им е мандат за бесплатен превоз, а не за блокада, како и привилегија да уживаат во функцијата. Најмалку што може да направат, како што вели тој, е да седнат и да разговараат.
Во одговор за пријавите во Арачиново тој вели дека се налози за апсење за лица кои се во бегство.
– На тие налози се извршени претреси, уапсено беше едно од лицата, а во другиот објект кај другото лице беше пронајдено оружје без дозвола. Ова се активности што се планирани што се одвиваат во континуитет, додека втората контрола е врз основа на оперативна активност што ја имавме, појасни тој.
Ново на Сител
-
Шпанија освои бронза на ракометното СП 2023
-
Левица обвинува за уништување на Tиквешкото Eзеро
-
Четириесетгодишна скопјанка физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер
-
Со закани одземени пари од вработени во бензинска и обложувалница во Скопје
-
Грчки државјанин починал во казино во Гевгелија
-
Ливерпул испадна од ФА Купот откако прими гол во 90+2 минута против Брајтон
-
87 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
-
Детектор анкета: Граѓаните сметаат дека власта е најодговорна за економската криза во која што се наоѓа Македонија