Спасов: Отворени над 4.200 работни места со мерките за кредитирање
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска истакна дека со мерките за кредитирање за отворање нови работни места и за самовработување досега се отворени над 4.200 работни места.
- Тоа е уште еден показател за успешноста на мерките, рече Спасов, додавајќи дека и натаму, во соработка со Агенцијата за вработување и Македонската банка за поддршка на развојот, ќе продолжат да ги поттикнуваат приватните компании и сите невработени за да ги искористат поволностите што им стојат на располагање.
Министерот Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје Слободанка Алексовска денеска ја посетија фирмата „Даути-Комерц“, приватна македонска компанија Даути, која што има вработено над 270 лица и искористила повеќе од мерките за вработување кои ги нуди државата.
- Се работи за компанија која што изминатиов период, од година во година се повеќе расте и би сакал да истакнам дека оваа македонска компанија е еден позитивен пример за искористување на поволностите што ги нуди државата за отворање нови работни места. Имено, со поддршка на Владата, на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување се вработени над 30 нови работници од кои 25 се млади луѓе со искористување на мерката за ослободување од плаќање социјални придонеси која што сега е дел од проектот „Македонија вработува“, рече Спасов.
Тој посочи дека оваа компанија е успешен пример, која, како што рече, ќе продолжи да го зголемува бројот на вработени и да ги користи поволностите што ги нуди државата.
Сопственикот на компанијата Џемаил Даути истакна дека мерките за вработување што ги нуди државата исклучително помагаат во отворање нови работни места на компаниите кои се развиваат, посочувајжи дека неговата компанија веќе има искористено неколку од нив.
Ново на Сител
-
Акиов по вчерашниот инцидент: Не сум гомнар туку борец за правда, се извинувам на правничката за повредата
-
Лидерите на Кина и Русија разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Се стопира изградбата на објект во заштитената зона во Старата охридска чаршија
-
Хамнеи: Израел заслужено е казнет
-
Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица
-
Приведено 43-годишно лице кое возело со 2,06 промили алкохол во крвта
-
Брачен пар прегазен на тротоар во Охрид, жената почина
-
Песков: Ситуацијата на Блискиот Исток е опасна за целиот свет