Спасов: Нов пензионерски дом во Катланово

Во Катланово ќе се гради пензионериски дом кој ќе понуди модерни услови за сместување стари лица, но исто така ќе отвори од 20 до 30 работни места во општината Петровец.
За изградба на домот веќе е обезбеден плац на кој има постоечки објект кој инвеститорот ќе треба да го реновира и опреми за оваа намена. Во тек се активности за продажбата на земјиштето и објектот, а до октомври се очекува да се одржи јавното наддавање и потпишување на купопродажниот договор.
- Министерството за труд и социјална политика во Катланово веќе спроведува низа активности за изнаоѓање приватен инвеститор за отворање приватен дом за стари лица. Ова со текот на времето ќе биде една модерна установа која ќе обезбедува услови за згрижување на поголем број стари лица, но и ќе отвори 20 до 30 работни места во општина Петровец, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој беше во посета на Катланово и Катлановска бања.
Појасни дека станува збор за веќе распишан јавен повик за изнаоѓање инвеститор да купи стар објект кој подоцна ќе се преадаптира, ќе се опреми и ќе се пренамени за старски дом.
- Во минатото пред 30-ина години истиот објект бил старски дом, меѓутоа престанал да функционира и сега е руиниран објект кој го зема МТСП на користење и веќе е распишан повик за продажба. Набрзо очекуваме до средината на октомври да има јавно наддавање и договор за купопродажба на објектот, а понатаму и инвеститорот кој ќе понуди најповолна цена да започне со активности за реновирање и ставање во функција на објектот, рече Спсов.
Тој денеска, заедно со градоначалникот на општина Петровец изврши увид на локацијата за оваа намена, а имаше и средби со жителите на Катланово со кои разговараше за потребите кои ги имаат и проблемите со кои се соочуваат.
Ново на Сител
-

Најнова технологија за косините кај Ботун
-

Македонија пред носење на првата Национална стратегија за Вештачка интелигенција
-

На Неврологија хоспитализиран пациент со пост западно-нилски синдром
-

Втора школа за срцева слабост во Скопје
-

Струмичките пожарникари за првпат ја употребија новата авто-скала за неочекувана мисија
-

Кос за бугарски БНТ: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот Устав за да се движи напред кон ЕУ
-

ДУИ: Пресудата за водачите на ОВК е првостепена, очекуваме неправдата да биде исправена
-

Во Штавица кај Прилеп започна Балканскиот спелеолошки камп, 150 спелеолози од 15 држави ќе истражуваат 6 пештери
