Македонија
19. December 2015 - 17:47

Спасов бара од Ременски да не ги кочи проектите

Социјалдемократскиот сојуз преку своите технички министри и дополнителни заменици министри ја опструира работата на министерствата, со методи на страв ги заплашуваат вработените, и ги кочат проектите кои се во интерес на граѓаните.

Еклантантен пример е делувањето на техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски која намерно ги опструира проектите, не потпишувајќи акти на кои е обврзана со Закон и со тоа несовесно и нестручно ги извршува своите задачи.

Оваа Влада постигна извонредни резултати изминатите години со отворање на детски градинки урбаните, со посебен акцент во руралните области.

Граѓаните од скопската општина Бутел и општина Јегуновце се оневозможени да ги сместат своите деца во детски градинки, поради деструктивноста на техничкиот министер за труд и социјална политика.

Имено, Ременски не ја потпишува одлуката за избор на најповолен економски оператор со што детските градинки ќе останат без опрема, а со тоа е оневозможено нивното функционирање.

Овој атак врз интересите на жителите на овие општини останува без правно објаснување, а се во насока политички опструкции.

Детската градинка во Јегуновце е нова детска градинка на барање на граѓаните, а детската градинка во Општина Бутел е проширување на веќе постоечката градинка исто така по барање на граѓаните каде што се засегнати голем број на семејства.

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, штитејќи ги интересите на граѓаните, побарал веднаш техничкиот министер да ги потпише документите кои произлегуваат од постапките за доделување на договор за јавна набавка.

predmet-baranje-spasov

predmet-baranje-spasov1

И во вчерашната реакција до техничкиот министер Ременски од страна на кабинетот на заменик министерот за труд и социјална политика се наведува дека Ременски својата неспособност и неснаоѓање ја затскрива позади  кочничарење на проектите.