Спасителите на градскиот базен во Велес годинава спасија 43 капачи
Спасителите од службата за безбедност на вода при Општинската oрганизација на Црвен крст во Велес годинава на Градскиот базен во Велес имаа 43 интервенции што е двојно повеќе од лани.
- Со наша брза интервенција спасени се од давање 43 капачи. Најголем дел се во возрасната група од 10 до 20 години, но имаше и случаи на интервенција на повозрасни капачи од 40, 45 и 50 години, информира за МИА, Иле Попов, одговорен на службата, нагласувајќи дека сите се евидентирани со име и презиме.
Тој појасни дека некои од капачите не знаеле да пливаат, други ги зафатила паника, а некои се давеле поради несоодветни игри во вода. Меѓу давениците имало капачи од Велес, но и посетители од Штип, Кавадарци, Свети Николе и Неготино.
- Лани за цела сезона имавме 22 давеници што е двојно помалку од годинава, бидејќи сезоната на капење на Граскиот базен трае до крајот на месецов, потенцира Попов.
Апелира капачите совесно да се однесуваат на градскиот базен со цел да го заштитат сопствениот и животите на останатите капачи.
Како што информира Попов, Службата за безбедност на вода при Општинската oрганизација на Црвен крст во Велес има 15 спасители распоредени по двајца на два пункта во смена или 8 спасители дневно.
В среда на Езерото „Младост“ кај Велес Службата организира еднонеделна обука за спасители на отворен води (реки, езера и мориња) за која веќе се пријавени 20 кандидати.
Ново на Сител
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар