Македонија
20. September 2024 - 12:24

Спасителите и оваа година со бројни интервенции

Спасителите на вода и оваа сезона со полни раце  работа.17 интервенции на извлекување давеници во Охрид ,7 во Струга и околу 1300 укажувања на прва помош имале тимовите на Црвениот Крст бројка која според податоците е нешто поголема од изминатата година но за среќа не е регистриран давеник во езерските води ниту пак некои посериозни нарушувања на безбедноста на капачите.

Од 36 плажи само 11 имале агажирано спасителни служби во Охрид додека на струшкото крајбрежје од 15 само 2 капалишта биле безбедни за капање.

Високите температури на воздухот влјаеле дополнително  на бројни интервенции на капалиштата и тоа кај лица со сончаници ,хронично болни како и под дејство на алкохол. Покрај на капалиштата, тимови на Црвениот крст беа ангажирани на бројните културни и забавни настани што се случуваа во Охрид грижејќи се за безбедноста на присутните.