Спасени 64 мигранти во морскиот дел јужно од грчкиот полуостров Пелопонез
Крајбрежната служба на Грција во морскиот дел јужно од полуостровот Пелопонез вчера спасила 64 мигранти кои се превезувале на едрилица , јави дописничката на МИА од Атина.
Спасувачката акција, како што соопштија од крајбрежната служба, започнала откако добиле информација од товаран брод што бил во близина дека едрилица со мигранти плови без контрола во конкретната морска област.
Мигрантите биле спасени и безбедно пренесени на пристаништето во градот Каламата.
Паралелно, грчката крајбрежна служба веќе деветти ден продолжува со потрагата по исчезнатите од несреќата со мигрантите минатата седмица.
Досега пронајдени се безживотните тела на 82 лица, а спасени 104 лица.
Во рибарскиот брод што потона во близина на Пилос кај Пелопонез, официјално не е познато колку лица се пренесувале, а според преживеаните бројката би можела да е околу 700 лица.
Ново на Сител
-
Прилепчанец приведен за тешка кражба
-
Тешко повредени мајка и нејзините две деца откако нејзиниот вонбрачен партнер ги исфрлил од возило
-
Загина 27-годишен мотоциклист по сообраќајка на патот Охрид - Св. Наум
-
Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната
-
Уапсен малолетник во Аеродром, се шетал со боксирач
-
Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
-
Калас: Русија не е заинтересирана за мир
-
Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата