-->
-->
Спасена свињарска фарма од пожарот кај штипското село Пиперово
-->
Спасена е свињарската фарма од огнените јазици кои се приближуваа до објектот, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев.
Во гаснењето на пожарот ангажирани се 15 пожарникари и четири возила, а од воздух дејствува и полицискиот хеликоптер.
Коцев посочи дека сега се гаси шума. Според негова проценка зафатени се околу 150 хектари. На терен остануваат до локализирање на пожарот, кој е во атарот на штипското село Пиперово.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека бидејки пожарот е во близина на браната Мантово, хеликоптерот на МВР направи повеќе успешни и прецизни налети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува