Спано: Има добри реформи во македонското судство кога станува збор за ограничување на максималното траење на постапките
Еден од позитивните развојни текови кога станува збор за македонското судство е тоа што имаат добри реформи, посебно Врховниот суд и апелациските судови кога станува збор за прашањето за ограничување на максималното траење на постапките, рече претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано на денешната прес-конференција во Скопје.
Кога станува збор за статистиките поврзани со оваа земја и со многу други земји на Советот на Европа, морам да кажам дека времетраењето на постапките остануваат предизвик, вели Спано одговарајќи на новинарско прашање дали се подобрува досието на државава во однос на времетраењето на судските процеси.
Негов општ впечаток, како што рече, е дека земјата на национално ниво му пристапува сериозно и, како што кажа, сигурен е дека ќе има подобрување во иднина.
Ново на Сител
-
22-ри „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Марјан Николовски, професор на Факултет за безбедност
-
Подметнат пожар во автосервис во близина на „Стаклара“
-
Мицкоски: Пожарите доаѓаат од центри на моќ за да сејат страв, идентификувани се 20 лица
-
Шест месеци по трагедијата во Кочани, тројца повредени се уште во болница
-
Убиената Росица 7 пати го пријавувала насилникот во полиција, Обвинителството постапувало по пријавите
-
Медицинска сестра од Онкологија: Васев во канцеларција имаше лекови
-
Злоупотреба на службени возила од денеска ќе може да се пријави на телефонскиот број: 070 399 050