-->
-->
Спалети: Не беше лесно, но успеавме да испишеме историја со Наполи
-->
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети е задоволен од изданието на неговите фудбалери во синоќешната победа над Ајнтрахт (3:0) во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
– Не беше лесно, но успеавме да постигнеме историска цел со клубот. На почетокот Ајнтрахт добро нападна. Немавме тимска игра бидејќи вршеа голем притисок. Во второто полувреме веќе делувавме како добро координиран механизам, изјави Спалети.
Италијанскиот тим победи и на првиот меч (2:0), па се пласираше во четвртфиналето.
Следниот противник на Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, ќе биде познат по утрешната ждрепка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во буџетот собрани речиси 500 милиони евра помалку од планираното
-

Мадуро и неговата сопруга пред федералниот суд во Менхетен
-

Мадуро денеска пред федералниот суд на Менхетен ќе ги слушне обвиненијата за наркотероризам
-

Се воведува е-фактура
-

Се прават последните подготовки за Бадник и Божиќ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
