-->
-->
„Спајдермен" за само еден викенд заработи 117 милиони долари
-->
Новиот филм за човекот пајак, „Спајдермен: Враќање дома" ги надмина очекувањата околу заработката, па за само два дена собра 117 милиони долари на своето конто викендов низ кината во САД.
Последниот филм, чијашто премиера се случи нна 7 јули, беше своевиден тест за американските продуценти, оти публиката се повеќе покажува „замор" од продолженијата на истите веќе познати приказни.
- Ова е победничко враќање на Спајдермен, нагласи неименуван претставник на продуцентската куќа Сони.
Петте филмова за човекот пајак издадени помеѓу 2002 и 2014 година, заработија околу четири милијарди долари. Тоа го чини овој стрип јунак најпрофитабилен во стрип историјата, веднаш по Бетмен.
Главната улога во новиот филм ја толкува британскиот глумец Том Холанд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-Ѓурѓовден
-
„Мет-гала“: Ријана третпат бремена
-
Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна
-
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго
-
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари
-
Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата
-
Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“