СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи

Нова категорија билети за Светското првенство 2026, наменета за најлојалните навивачи, воведе денеска Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА).
ФИФА одлучи да конвертира дел од билетите – приближно 10 проценти од вкупниот капацитет – од во моментов најприфатливата категорија („ниво на вредност“) во нова категорија наречена „ниво на влез“.
Билетите во оваа категорија ќе имаат иста цена за сите натпревари на сите национални селекции на Светското првенство, а ќе чинат 60 долари.
ФИФА ја воведе оваа категорија со упатство националните асоцијации да ги доделат на најлојалните навивачи, а овие билети нема да бидат достапни за купување преку платформата на ФИФА. Седиштата за навивачите со овој тип на билети ќе бидат лоцирани во горниот дел од навивачката трибина.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
