-->
-->
СП Скијање: Ристовски најдобар од македонските скијачи
-->

На Светското првенство во алпско скијање, во швајцарски Сент Мориц во четвртокот, четворица македонски репрезентативци настапија во квалификациите во велеслалом. Најдобар резултат постигна Антонио Ристовски.
Двајца од четворицата македонски репрезентативци кои настапија во велеслалом стигнаа до целта, еден беше дисквалификуван, а еден не ја заврши трката.
Антонио Ристовски во првата трка забележа време 1:04.93 минути и заостана 6.84 секунди зад првопласираниот, додека Маријан Нашоку оствари време
1:10.69, односно имаше послабо време од првопласираниот за 12.84 секунди.
Покрај Ристовски и Нашоку до целта стигна и Виктор Петков но по прегледувањето на сникмите тој беше дисквалификуван, додека Лука Божиновски не ја заврши трката.
Во втората трка на стартот се појавија двајцата Македонци, Ристовски старуваше како 61-ви, но не успеа да ја заврши втортата трка и остана без пласман, а истата судбина нешто подоцна ја доживеа и Нашоку кој во втората трка стартуваше како 83-ти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
