Ракомет
22. March 2021 - 16:30

СП Шпанија:Македонија ќе игра бараж со Романките

Женската ракометна репрезентација на Македонија која со три победи на турнирот во Скопје се избори за бараж натпревар за СП во Шпанија денеска го доби и противникот, селекцијата на Романија со која ќе игра кон средината на април.

На Светското првенство покрај домаќинот Шпанија, досега учество имаат обезбедено уште шампион Холандија, како и најдобрите четири селекции на ЕП – Хрватска, Данска, Норвешка и Франција.
Остануваат уште 10 слободни места.