-->
-->
СП (сала):Трето злато за Дибаба
-->
Во Бирмингем, Англија стартуваше Светското првенство во атлетика во сала а првиот златен медал го освои
Етиопјанката Гензебе Дибаба која третпат по ред е светска шампионка во сала на 3.000 метри. Дибаба во Бирмингем трчаше со време од 8:45.05.
За 27-годишната Дибаба ова е потврда на класата и скоро непобедливоста на средни и долги патеки. Холанѓанката родена во Етиопија, Сифан Хасан го освои среброто, а европската шампионка од Белград минатата година, Британката Скот Муир се закити со бронзениот медал.
Данил Лисенко и Марија Лисицке, двајцата на шампионатот како неутрални спортисти, заради третманот на Русија на атлетските приредби, се нови светски шампиони во скок во вис во машка и женска конкуренција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски со порака до полициските службеници: Вашата мисија е света – да го чувате поредокот
-
Во Крушево најмногу дожд, денеска нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
ПСЖ или Арсенал, Интер го чека противникот во финалето во Лигата на шампионите
-
САД со рекорден трговски дефицит во март
-
Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево
-
Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан