-->
-->
СП Ракомет: Данска поразена од Унгарија
-->

Елиминацијата на олимпискиот шампион Данска е најголемото изненадување во досегашниот тек од 25-то светско првенство во ракомет. Данците потклекнаа пред Унгарија, која одигра беспрекорен меч и славеше 25:27. Четвртфинале избори и Шведска која ја декласира Белорусија 41:22.
Унгарците на овој Мундијал праварт смена на генерациите, против Данска беа тотални аутсајдери, но одиграа беспрекорен меч, го имаа расположениот Миклер на голот, кој одбрани 15 удари и заслужено славеа против олимпискиот шампион 27:25.
Унгарија водеше во најголемиот дел од натпреварот, имаше неколку пати и максимална предност од четири гола, во последните пет минути го одби налетот на противникот (23:23) и на крајот заслужено победи.
Покрај голманот Миклер кај Унгарците се истакна Лекаи кој постигна шест гола. Данска ја предводеше најефикасниот играч на мечот Микел Хансен со осум голови.
Унгарија во четврфиналето за противник ќе ја има Норвешка која во саботата славеше против Македонија.
За разлика од Данците, другите скандинавци, Швеѓаните, против Белорусија делуваа како казнена експедиција. На полувремето Шведска имаше 19:10, а на крајот 41:22.
Готфридсон со осум и Екберг со седум голови беа најефикасни во редовите на Шведска.
Противник на Шведска во четвртфиналето ќе биде Франција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
