-->
-->
СП пливање: Три светски рекорди на третиот ден
-->
На третиот ден од Светското првенство во пливање што се одржува во Казањ попладнево беа поставени два светски рекорда. На 1.500 метри слободно кај жените Американката Кети Ледецки го собори сопствениот и светски рекорд, поставен вчера во квалификациите, додека Британецот Адам Пити во полуфиналето го собри светскиот рекорд на Камерон Ван дер Бург (Јужна Африка) поставен претпладнево на 50 метри градно.
Во финалето на 1.500 метри слободно кај жените Ледецки исплива – 15:25.48 минути и за 2.23 секунди го подобри светскиот рекорд. Воедно таа го одбрани златниот медал од претходното СП од Барселона. Среброто го освои Лорен Бојл од Нов Зеланд, а бронзата и припадна на Унгарката Богларка Капаш.
Во трката на 100 метри грбно кај жените Емили Сибом од Австралија победи со време 58.26 секунди, пред сонародничката Медисон Вилсон и Мие Нилсен од Данска,која заврши како трета.
Јулија Ефимова од Русија го освои првото место со време 1:05.66 минута во трката на 100 метри градно, втора стигна олимписката шампионка Литванката Рута Меилутите,а трета заврши Алиа Еткинсон од Јамајка.
Кај мажите на 200 метри слободно златниот медал го освои Британецот Џејмс Гај со резултат – 1:45.14 минута. Среброто му припадна на Јанг Сун од Кина, а бронзата на светскиот рекордер Пол Бидерман од Германија.
На 100 грбно во машка конкуренција прв стигна Мичел Ларкин од Австралија со време 52.40 секунди, а подиумот го комплетираа Камил Лакур од Франција (втор) и Мет Грејверс од САД (трет).
Адам Пити во полуфиналето на 50 метри градно исплива 26.42 секунди (светски рекорд) што беше за 20 стотинки подобро време од Ван дер Бург, кој утрово имаше резултат 26.62 секунди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството