СП: Декларација на ДУИ е дефокусирање на граѓаните и градење лажна надеж кај нивното членство

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека таканаречената Декларација на ДУИ и партиите од самонаречениот Европски фронт е обид за дефокусирање на граѓаните и градење лажна надеж кај нивното членство и приврзаници дека со декларација се добива власт.
Партиите од Европскиот фронт конечно мора да сватат дека со декларација избори не се добиваат, а изборната волја на граѓаните е повеќе од јасна и таа мора да се почитува.
Уцените и тврдоглавите условувања, на кои се навикнати од ДУИ и искомпромитираниот и до крајност искорумпиран Али Ахмети, народот не ги прифати и затоа него и сите како него ги прати во опозиција.
Особено е интересна матрицата на политичко-етнички резон на ДУИ и партиите со нив под консенсузална демократија да подразбираат таа да биде како што тие ќе кажат, или „како до сега“. Нивните неразумни барања за некаков етнички изборен легитимитет се без реална основа и немаат никаков уставно-правен или меѓународен легитимитет. На овој начин и по овој основ од овие опозициски политички партии во прашање се доведува и издржаноста во нивното познавање и воедно нивната подготвенос за почитување на елементарната демократија и владеење на правото.
ДУИ и нејзиното раководство се движат во погрешен правец, но тие мора да се соочат со реалноста дека македонските гласачи на демократски избори одлучија тие да одат во опозиција и да ја сносат одговорноста за нивното криминално работење во изминатите дваесет години на власт.
Социјалистичка партија
Ново на Сител
-

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица
-

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ на повикот за разговор
-

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено
-

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид
-

Изминатата недела АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба
-

Трката за наследник на Трамп во 2028 година се вжештува, а еден републиканец има огромна предност
-

Панел-дискусија во Тетово во рамки на кампањата на МОН „Магијата е во знаењето“
-

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД
