Ракомет
17. January 2019 - 20:22

СП 2019 - Раул: Бевме уморни во вториот дел

Македонската ракометна репрезентација по поразот од Исланд со 22:24 ги продолжува натпреварите во борба од 13-16.место т.н. „Президент куп“.
 
По прес конференцијата селекторот на Македонија Раул Гонзалез изјави:
 
- Одбраната на Исланд беше подобра во вториот дел. Нашата одбрана беше добра на чело со Борко Ристовски. Како и секогаш во првото полувреме бевме подобри, а во второ послабо игравме. Мислам дека во вториот дел бевме уморни. Игравме и „6на6“ и пак имавме шанса. Исланд одигра добро на деншениот дуел.