Фудбал
27. March 2017 - 9:02

СП 2018: Шкотска подобра од Словенија

Репрезентацијата на Шкотска со голот на Крис Мартин во 88.минута оствари победа од 1:0 на дуелот против Словенија од квалификациите за Светско првенство 2018 – Европска зона.
 
Со натпреварите кои беа одиграни синоќа беше комплетирана 5.рунда.Резултати и табели:
 
Ц група: Азербејџан – Германија 1:4, Сан Марино – Чешка 0:6, Северна Ирска – Норвешка 2:0. 
Табела: Германија 15 бода, Северна Ирска 10, Чешка 8, Азербејџан 7, Норвешка 3, Сан Марино 0.
 
Е група: Црна Гора – Полска 1:2, Ерменија – Казахстан 2:0, Романија – Данска 0:0.
Табела: Полска 13 бода, Црна Гора 7, Данска 7, Романија 6, Ерменија 6, Казахстан 2.
 
Ф група: Англија – Литванија 2:0, Малта – Словачка 1:3 и Шкотска – Словенија 1:0.
Табела: Англија 13, Словачка 9, Словенија 8, Шкотска 7, Литванија 5, Малта 0.
 
Натпреварите од следното 6.коло се играат во јуни.